14 бугарски државјани на црна листа за влез во Македонија
Бугарската национална телевизија објавува дека Македонија имала црна листа со бугарски државјани, на кои денеска им бил забранет влез во земјава.
На десетици Бугари не им било дозволено да влезат од македонските гранични власти на земјата, објави БНТ, повикувајќи се на потврда на веста од страна на фондацијата „Македонија“, чии членови биле меѓу лицата на кои им бил забранет.
Телевизијата тврди дека лицата покажале документи што им биле издадени од властите во Македонија, во кои се наведува дека тие биле закана за националната безбедност на земјата. БНТ објавува дека луѓето не добиле дополнителни објаснувања за одбивањето да бидат пуштени да влезат во земјава.
На социјалните мрежи пак, бугарската агенција Беспартиен.бг објавија дека добиле забрана за влез во земјава. Тие споделија и документ издаден од македонското Министерство за внатрешни работи.
Претходно листата ја потврди и бугарскиот министер за внатрешни Иван Демерџиев, но потенцираше дека таа не е голема.
Остра реакција пак имаше поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов. Тоа што на одредени лица им беше забрането да влезат во земјава поради безбедносна закана го оцени како неуспех за Бугарија во водењето надворешна политика.
Денешното чествување на роденденот на Гоце Делчев е главна вест во бугарските медиуми, кои главно објавуваат за инцидентите на граничниот премин Деве Баир.