1365 проекти добија државна финансиска подршка на годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес за 2025

Од поднесени 2888 апликации, 1365 проекти добија државна финансиска поддршка на годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес за 2025та, за дејности од областа на културата и уметноста како и заштита на културното наследство. 

Критериуми според кои проектите биле оценувани од стручната комисија:

- Kвалитет на содржината на проектот (креативност, оригиналност, очекувано влијание, актуелност, иновативност и видливост); 

- Уметнички, односно стручните достигнувања на носителите и на учесниците во проектот, како и признанијата, наградите и критиките за претходни достигнувања; 

- Финансиската оправданост, односно реалната проекција за висината на вкупните трошоци потребни за реализација на проектот, како и реалниот сооднос меѓу износот на финансиските средства за авторски хонорари и износот на средствата за другите трошоци за реализација на проектот;

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, тврди дека транспарентноста на финансирањето била зголемена со јавното објавување на членовите во стручните комисии и мерилата за оценување на проектите. 

Невладините организации во културната дејност критични кон концептот на финансирање – велат не е транспарентност само да ги објавите резултатите од конкурсот туку и зошто сте ги одбрале. 

Оваа година буџетот на Министерството за финансирање на дејностите од културата и културното наследство изнесува 814 милиони денари.