122 години од Илинденското востание, Давкова со порака - Мора да го искорениме плевелот на корупцијата
Македонија го слави Илинден. Дел од граѓаните и годинава дојдоа на Мечкин Камен да го одбележат Илинден. На централната прослава цвеќе положија и делегации од државниот врв, собранието, опозицијата.
Претседателката дочекана со аплауз, опозицијата со негодувања. Силјановска Давкова во својот говор се осврна на предизвиците со кои денеска е соочена Македонија. Шефицата на државата со остра забелешки з аЕвропа и македонски евроинтеграции. Вели двојните аршини и билатерализација на спорови не се дел од копенхашките критериуми.
Претседателката со порака и за политичарите , но и функционериоте во правосудството - правдата да не биде селективна, потребни се длабоки реформи.
На Мечкин камен годинава и лидерот на опозицсиката СДСМ.
Пораката што секој втори август стигнува од местото на најголемата битка пред 122 години е дека Илинден мора да остане симбол на непокорот на македонскиот народ, борбата за слобода, но и доказ дека Македонија е изградена врз идеали, жртва и љубов кон земјата – но и дека тие иделаи остануваат да живеат.

