12 отсто помалку сообраќајни незгоди во 2021 година, намален и бројот на жртви за 14 отсто
Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли на делницата Јажинце - Тетово-гостивар-дебар, а во текот на вчерашниот ден санкционирани се 234 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената, од кои 23 се движеле со брзина од над 70 километри на час над дозволената брзина, а 111 со брзина над 50 километри на час над дозволената брзина“, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Дебар.

