12 МАКЕДОНСКИ ТУРИСТИ ЗА ВЕЛИГДЕН СЕ ОСТАВЕНИ НА УЛИЦА ВО ТУРЦИЈА – ЈА ОБВИНИЈА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИЗМАМА
Foto

12 МАКЕДОНСКИ ТУРИСТИ ЗА ВЕЛИГДЕН СЕ ОСТАВЕНИ НА УЛИЦА ВО ТУРЦИЈА – ЈА ОБВИНИЈА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИЗМАМА

На улица, среде турската Кападокија оставени се 12 македонски државјани од Виница, Струмица, Прилеп и од Скопје, откако уплатиле по повеќе од 600 евра по човек за велигденска тура со балони во оваа светска туристичка дестинација. 

Од Министерството за надворешни работи за Телевизија 24 изјавија дека дипломатско-конзуларното претставништво во Република Турција се во постојан контакт со македонските туристи. При остварен контакт со хотелот каде што биле сместени, замолено е да им излезат во пресрет и да ги сместат туристите. Повратните авио-билети им се платени, иако претходно стравуваа дека тоа не е направено од страна на туристичката агенција.

Преспале само една вечер, зашто од хотелот ги известиле дека само за толку им е уплатено, иако турата требало да им трае четири дена. Аранжманот, според претставникот на заглавените туристи, Зоран Ефремов, бил во организација на туристичката агенција „Орфеј“.

Според него, газдата на „Орфеј“ прво им одговарал на телефонските повици, но, по неколкуте разговори кои ги имале, тој го исклучил мобилниот телефон и сега е недостапен за патниците. Тие ја обвинуваат оваа агенција дека ги измамила. Телевизија 24 се обидува да стапи во контакт со сопственикот, но, и за нас како и за патниците тој е недостапен.

Според неофицијални информации на Телевизија 24, оваа агенција е регистрирана во 2011-та година, но, дека претходно работела нелегално. Агенцијата во изминатите години беше споменува како дел од неколку слични скандали. 

Македонските туристи добиле информација дека веројатно и авио-билетите за враќањето назад во земјава не им се платени, па така тие се оставени на милост и на немилост во странска земја. Меѓу патниците нема малолетни лица.

Надлежните институции за случајот неизвестија дека ќе ни дадат дополнителни информации во текот на денот.

0 Коментари

Остави коментари