12 лица се на тестирање за корона вирус, сите 200 кои се во домашна изолација се чуствуваат добро
12 лица се на тестирање за корона вирус, сите 200 кои се во домашна изолација се чуствуваат добро. Препораките кои се донесени мора да се почитуваат, во спротивно следуваат казни согласно членовите 205 и 206 од кривичниот закон. Министерот на денешната владина седница со барање докторите да ги откажат приватните патувања, нивното присуство на клиниките сега е драгоцено.
Државниот инспекторат укажува на непочитување на самоизолација кај наставнички од Куманово и Скопје, кои пред празникот 8 ми март масовно патувале во Италија. Стрес и паника кај родителите на учениците од ширење на вирусот.
Од преминот „Батровци“ на границата на Србија со Хрватска вратени дваесетина автомобили со околу 50 патници, меѓу кои повеќето македонски државјани кои работат во северниот дел на Италија.
ВМРО-ДПМНЕ бара построги мерки за спречување на ширењето на корона вирус.
Во Скопје намален интензитет на сообраќај. Откажани културни манифестации. ЈСП ги укинува бесплатните билети. Пензионерите од утре нема да можат да се возат бесплатно.