116 години од раѓањето на Мајка Тереза
Одбележување на годишнината од раѓањето на мајка тереза...пред 116 години, на денешен во Скопје е родена Агнес Гонџе Бојаџиу – личност, која години подоцна, светот ќе ја запознае како Мајка Тереза ..
Потекнувала од католичко албанско семејство, како најмало дете на Никола и Дране Бојаџиу...Според нејзините сведоштва, на дванаесетгодишна возраст, почувствувала дека сака да се посвети на религиозен живот и мисионерска работа...Веќе на осумнаесет години, го напуштила Скопје и заминува во Ирска, каде им се приклучила на сестрите од Лорето...По краток престој во Ирска, оди во Индија каде го добила името Тереза и започнала да работи како учителка во Калкута...
Во 1948 година излегла од манастирското училиште и почнала работа меѓу луѓето кои немале дом ниту здравствена нега..Две години подоцна, Светата столица дозволила создавање на новиот ред „Мисионери на милосрдието“... Во Калкута почнале да се отвораат сиропиталишта и центри за болни и напуштени лица, а мисијата постепено се проширила надвор од границите на Индија...
За својата работа со сиромашните и болните, во 1979 година ја добива нобеловата награда за мир...Во образложението на Нобеловиот комитет, се потенцираат нејзината работа со децата, бегалците, сиромашните ..на 87 годишна возраст, Мајка Тереза почина во Калкута на 5 септември 1997 ... шест години подоцна папата Јован Павле II ја прогласил за блажена, а на 4 септември 2016 година папата Франциск ја канонизирал како Света Тереза од Калкута...
Од денес до 5-ти септември во Скопје ќе се одржи манифестацијата „Денови на Света Мајка Тереза“ со културна и хуманитарна програма...

