11 затвореници биле пуштени на викенд и повеќе не се вратиле во затвор

Затворениците кои избегале од затворите не го направиле тоа преку затворските ѕидови или тунели, туку биле пуштено на викенд и веќе не се вратиле назад. Вака директорот на Уоравата за извршување санкции, Александар Оандов го објаснува статусот на избеганите затвореници. Пандов посочи и дека недостигаат од 200 до 300 затворски полицајци низ затворите во земјава.

 

И директорот на најголемиот затвор „Идризово“, Зоран Јовановски од каде што изминатиот период имаше обиди за бегство како по филмско сценарио преку тунели, вели дека ваквите случаи се ретки а најпроблематично е заминувањето на викенд по што се губи трагата на затворениците. Јовановски посочи дека, од почетокот со работа на затворот Идризово до денес вкупната бројка на избегани затвореници е 111.

 

Реновирањето на новото петто оделение кое од затворен тип Пандов посочи дека ќе овозможи дополнителен капацитет за 100 затвореници во ситуација кога во затворите нема елементарни услови за живот.

Ги обвини СДСМ и ДУИ дека затворениците ги оставиле да живеат во нечовечки услови потенцирајќи ги затворениците кои се по затворите а се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.