1000 амандмани ја одложија Комисијата за измени на законот за медиуми
Поради 1 300 амандмани од Левица поднесени во последен момент, одложена е собраниската седница собраниската седница на Комисијата за транспорт и врски на која требаше да се расправа и за предлог законот за изменување и дополнување на законот за аудио и аудиовизуелни медиуми.
Претседателот на Комисијата, Владо Мислајловски, за ТВ24 вели дека денешната седница е одложена од технички причини, додека од Левица велат оти нема да дозволат власта со државни пари да врши поткуп на медиумите.
- Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднесоа вкупно 1 300 амандмани до собраниската архива за новиот Закон за аудио-визуелни медиумски услуги со кој треба да се помогне недемократското и авторитарно дејствување на властите. Нашите пратеници нема да дозволат јавниот простор и слободната мисла да бидат потиснати под чизмата на авторитарниот режим на СДС, кој ги враќа на голема врата најлошите политики од претходниот режим. - велат од Левица.
Со овие законски измени се предвидува инјектирање на државни пари во медиумите преку јавни кампањи, а најголем дел од колачот или 2,8 милиони евра треба да добијат националните телевизии, додека многу помал дел ќе легнат на сметка на регионалните медиуми.
Новинарските здруженија веќе го кренаа гласот против овие измени, а комуникологот и експерт за известу Комуникологот и експерт за известување во медиумите Жана Трпевска, во своето гостување во емисијата Аргумент плус вели дека овие законски измени не се во согласност со европските практики и регулативи преку кои постојано се предупредува на ризиците и опасноста од давањето на државните пари во медиумите.
Предлагачи на овие законски измени со кои се враќаат јавните кампањи во медиумите се пратеници од СДСМ, која пак додека беше во опозиција, пред 2017 година остро го критикуваше давањето на државни пари во медиумите.