Иако децата сојот омикрон најчесто го поминуваат со лесни симптоми, епидемиолозите алармираат дека не се работи за толку едноставен сој.
Омикронот е премногу заразен, а почнува како обична настинка без страшни симптоми, но заморот е доминантен, вели епидемиологот Сашо Олумчев. Во Гевгелија веќе детските одделенија се преполни, а бројот на тестирања на децата секојдневно се зголемува.
- Децата кои се со хронични заболувања треба посебно да внимаваат, како од омикрон така и од обичниот грип, бидејќи се ризични групи, а штом почувствуваат замор тоа е првиот аларм да се јават на лекар и да добијат соодветна терапија, вели д-р. Олумчев.
Во Скопје пак, над 100 прегледи на ден се вршат во детската клиника Козле- температура над 38, болки во грлото и кашлица се најчестите симптоми поради кои децата бараат лекарска помош во болницата. Покрај коронавирусот, кај децата се присутни и настинки и сезонски грип- вели за ТВ 24, директорот на Институтот за белодробни заболувања Козле, Бесник Зеќири.
Во детската болница е зголемен и бројот на хоспитализации за разлика од периодот пред Нова Година. Во моментов има 25 хоспитализирани деца кои се позитивни на коронавирусот, но сликата им е поблага за разлика од оние кои биле хоспитализирани пред Нова Година. Директорот тоа го препишува на омикрон бидејќи околу 70% од заразените се со овој сој за кои карактеристични се полесни симптоми, за разлика од другите соеви кои беа присутни во земјава.
Според последниот извештај на ИЈЗ најмал процент на заразени е регистриран кај возразната група од 0-9 години, осносно 205 случаи за периодот од 10 до 16 јануари, но дел од лекарите велат дека во следниот период овој процент се очекува да порасне.
0 Коментари