100 години од основање на Филозофскиот факултет во Скопје

На Филозофскиот факултет се одбележаа 100 години од неговото основање. Јубилејна награда им беше доделена на поединци, организации и институции кои дале придонес за развој и унапредување на факултетот.

Целта ни беше со овие 100 години да покажеме дека високото образование нема граници и на некој начин да ја подигнеме општествената одговорност не само како академската заедница, туку и сите оние компании и институции кои нас ни недостасуваат кои помагаа на некој начин - изјави деканот на Филозофски факултет Ратко Дуев.