100 дена влада: Мицкоски се испофали, Филипче искритикува
За власта успешни за опозицијата катастрофални првите 100 дена од владеењето на Христијан Мицкоски и министрите во владиниот кабинет на Илинденска број 2.
Премиерот денеска со свои статистики за успесите со акцент на економијата, зголемувањето на пензиите, странските инвестиции и ветувања за нови вработувања но во успесите ги наброја и како што рече проширувањето на позитивната листа на лекови, надминувањето на проблемите со учебниците, субвенциите за земјоделците, зголемена наплата на Царинската управа, надминување на проблемот со издавање на личните документи и патните исправи но не пропушти прилика од владиниот медија центар да најави и борба против криминалот и корупцијата.
Неговиот политички опонент од Бихаќка - Венко Филипче пак со контра аргументи за како што рече неуспесите на актуелниот владин состав уште во првите 100 дена власт. Според него граѓаните очекуваа реализација на големите ветувања а добија разочарување, но и јавно од Бихаќка адресираше прашањето до Илинденска до каде се истрагите од епскиот криминал кој ВМРО-ДПМНЕ ги најавуваше во изборната кампања.
Сепак првите 100 дена влада донесоа и неочекувани и непланирани актуелни политички теми кој во секојдневната реторика меѓу политичките чинители ги подгреваат меѓуетничките тензии , откако Уставниот суд донесе одлука со која балансерот го стави на стаклени нозе и пресече дека нема да има вработувања по етнички клуч но тука е и Законот за бранителите кој ги подели дури и владините коалициски партнери по однос на оваа тема откако предлог законското решение кое го бараа и од СДСМ, но и ВМРО-ДПМНЕ не се најде на комисијата за социјална политика и го обедини албанскиот политички блок на една страна наспроти партиите од македонскиот политички блок кои се иницијатори ова законско решение конечно да ја помине собраниската процедура.
Сепак Мицкоски во првите 100 дена владеење во два наврати пак доби поддршка од Ахмети кога беше потребно да се гласа со двотретинско мнозинство во законодавниот дом прв пат кога се правеше реконструкција на влада и втор пат кога требаше да се гласа еднократното законско решение за да нема предвремени локални избори во општините кои останаа без градоначалници.