100 дена од катастрофата во Пулс, 100 пораки со барање на правда низ скопските улици

Сто дена од трагедијата во дискотеката на смртта „Пулс“ во Кочани во која згаснаа животите на 62 лица. Нивните семсјства и денеска со потресни сведоштва на социјалните мрежи бараат правда и очекуваат секој што е виновен да одговара за трагедијата.

Повредените и преживеаните со потресни и трогателни сведоштва се сеќаваат на кобната ноќ. Правда, но и ресет на системот по 100 дена од трагедијата-со 100 пораки  пред клучните инспитуции во Скопје до надлежните, побараа од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“. 

Од иницијативата посочија дека овие сто крика за подобар систем не се минливи желби и фантазии, ниту реторички прашања, туку критики за системот. 

И додека семејствата на настраданите во пожарот и граѓаните чекаат правда и бараат одговорност, судовите се уште се докажуваат каде ќе се суди обвинението. Се очекува во текот на денешниот ден мислењето и предметот од Републичкото обвинителство да се достави до Врховниот суд и одлука за тоа каде ќе се одржи судскиот процес.

ТЕЛОП Врховен суд

„Сѐ уште не е пристигнато мислењето и предметот од Обвинителството до Врховниот суд.“

Од Обвинителство најавија дека денеска ќе биде доставено мислењето до Врховен суд.

ТЕЛОП Основно јавно обвинителство Скопје

„Барањето за мислење вчера попладне е доставено до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, а во текот на денешниот ден мислењето ќе биде доставено до Врховниот суд.“

Дел од адвокатите на обвинетите реагира на социјалните мрежи дека се уште не го добиле обвинението и сметаат дека институциите потфрлиле. Адвокатот Еленко Миланов кој во овој процес е адвокат на екс министерот за економија Крешник Бектеши, во „Анализа“ посочи дека оваа трагедија не е само за Кочани туку за Македонија. 

ИЗЈАВА Еленко Миланов-адвокат на Крешник Бектеши                           

„Сѐ уште ние не сме ниво на општество каде ќе дозволите да на оној субјект кој ќе управува на еден објект дискотека, кабаре, хотел или ноќен клуб каде имате собирање на многу поголем број на луѓе да самиот доставува барање во кое ќе наведе дека се исполнети сите минимално технички услуви за обавување на таа дејност и да вие тоа негово барање, а таков е законот го прифатите без контрола од ниту една инспекциска служба.“ 

Според Звонко Давидовиќ, адвокатот на член на обезбедувањето, законот и правниот систем е урнисан.

ИЗЈАВА Звонко Давидовиќ-адвокат на член на обезбедување            

„Не може никој да ми докаже дека градежна инспекција, трудова инспекција, санитарна инспекција, инспектори за урбанизам и просторно планирање, МВР...немаат право да извршат контрола. Тој објект, односно таа фирма била блокирана со емсеци, со години, каде е Управа за јавни приходи? Кочани е огромен град од 30 милиони жители и не се знаат меѓу себе? Гледаат дека доаѓаат и странски гости и УЈП не оди да види што се случува во објект кој го раководи фирма која е блокирана?“

Пред речиси две недели ОЈО поднесе обвинение за 34 физички и 3 правни субјекти за загрозување на општата безбедност. Додека во ОЈОГОКК се уште е отворена истрагата за полициските службеници меѓу кои и оние кои кобната ноќ биле на увид во дискотеката.