100 000 евра за прославата на Рамковниот договор сред криза, санкции ќе нема

Дојдоа, се фотографираа, се пофалија со инвестиција, во говорите кажаа колку е важен Рамковниот договор за Македонија, но од новинарите избегаа.

Речиси целата влада предводена од премиерот Димитар Ковачевски, но и неговите коалициски партнер Али Ахмети денеска во тетовската индустриска зона - фрлија лопата за камен темелникот на инвестицијата која тврдат само во една фаза чини 130 милиони евра, но не кажаа ни збор за 100 000 евра потрошени за прсолавата на годишнината на Рамковниот договор сред економска криза. 

Попладнево од Илинденска во име на Ковачевски се правдаат дека парите кои се трошат за прославата биле предвидени во буџетот на министерството за политички систем. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денот на Рамковен договор го оквалификува како нов подобар почеток за државата.

Ниту лидерот на ДУИ не кажа ништо за трошокот, но и спорната фирма Арберија дизајн која е на врвот на добиени тендери од владините институции, а која е ангажирана и за вечерашната прослава. Истата фирма, треба да ги испечати и сведителствата кои се уште учениците не ги добиле. ТВ 24 се обиде да добие одговори за приоритетите на фирмата, но сопственикот одби да одговори, не бил во земјава.  

ТВ 24 веќе обвјави дека за одбележувањето на Рамковниот договор се трошАТ 100 000 евра.