10-то јубилејно издание на „Македокс“
Foto

10-то јубилејно издание на „Македокс“

70 документарни филмови од автори од целиот свет меѓу кои и 10 македонски, музички настапи, и 100тина гости од светот на филмската уметност ќе бидат дел од 10тото, јубилејно издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.

Вечерва, на препознатливата локација под отворено небо во Куршимли Ан, со проекција на филмот „И сѐ стана песна“ посветена на музичката ѕвезда Пи Џеј Харви, официјално ќе биде отворена програмата.

Посебно значајно место на фестивалот завземаат десетте македонски документарци – симболично како и десетте лета со МакеДокс.

 

Фестивалската програма ќе трае до 28ми месецов. Соодветно ќе ја круниса премиерното прикажување пред пошироката домашна јавност на досега најуспешниот и најнаградуван македонски документарен филм - „Медена земја“.

0 Коментари

Остави коментари