За нас

Телевизија 24 постои веќе седум години. Започна како информативна телевизија, a во 2018 направи исчекор во форматот на телевизијата, по што следува ребрендирање од 24 Вести во Телевизија 24.

Оттогаш, програмската шема претрпе измени. Покрај вести, анализи, дебатни и магазински емисии, ТВ24 понуди и квалитени серии како „Андрија и Анѓелка” „Кујна”, „Преспав” како и игранифилмови кои се движат во рангот на холивудски блокбастери, одлични остварувања од кинематографијата од шпанско говорно подрачје, наградувани европски филмови за оние со поспецифичен вкус и фамилијарни филмови.

Продолживме со нова серија од соседството со хумор добро познат на нашата публика - „Мамини Синови” , а, за подобро здравје решивме да се повикаме на „Д-р. Нанди“. Продолжувме со квалитетни серии од американско производство, како „Афера“, „Реј Донован“, „Медичи“ и италијанската „Прашање на чест“.

Започнавме и со спорт, добивајќи ги ексклузивните права за Формула 1 за Македонија, германската Бундес лига како и за фановите на борбените спортови - М1. Секако, свесни дека треба да се даде фокус и на детската програма, планираме да воведеме блок за деца. Се трудиме да сме во дослух со вкусовите на нашата публика и постојано сме во потрага по добра содржина.

Промената која ја направивме ја прифатија нашите гледачи, па според тоа ТВ 24 се повеќе се наметнува како најчест избор на граѓаните.

Востановената доверба и растечките рејтинзи тоа го докажуваат.

Контакт

  • Адреса: Улица 852, бр.58 Скопје
  • Контакт телефони:
    • 02/ 60 90 424, 60 90 024 (Редакција - Деск / Новинари)
    • 02/ 60 91 924, 02/ 60 91 925 (Режија / Мастер)
    • 02/ 60 90 524 (Маркетинг)
    • 02/ 60 90 524 (FAX)
    • 02/ 60 90 924 (Техничка служба)