ВМРО-ДПМНЕ: Веднаш да прекине притворот за бранителите на уставот

14.01.2018 | 11:12
Прочитано: 1627

Партиските инсталации во судството го рушат функционирањето на правдата и правната држава. Очигледно е дека судиите станаа партиски послушници и војници. Јасно е дека во овој момент Република Македонија е во тотален мрак, а од правната држава нема ни П. - стои во соопштението на партијата.

Вистинските виновници кои го прекршија Уставот и законите, во моментов ги водат институциите на Република Македонија. Уметниците, пратениците, полициски службеници не се терористи.

Дурловски, Јовановски, Дамовски, Илиевски, Божиновска, Чавков и останатите приведени се жртва на политички прогон само заради нивната храброст гласно да го искажат своето несогласување со антидржавните политики на власта на Заев.

Одлуката на Апелациониот суд е скандалозна и не се темели на факти и докази. ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш овој политички монтиран случај да биде повлечен, а притворот за уставобранителите мора веднаш да прекине.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.