Владата гарантира дека нема злоупотреби на системот за прислушување

12.10.2017 | 17:20
Прочитано: 1160

Спорниот член 175 со кој се дава неограничена моќ на УБК да прислушува најверојатно ќе остане во фиока до избор на нови торјца судии во Уставниот суд. Извори од Уставен за ТВ 24 велат дека математиките со гласовите покажуваат дека нема мнозинство за каква било одлука по истечените мандати на тројца судии.

Новиот закон за комуникации кој го подготвува владата, според најавите ќе ја претекне одлуката на уставните судии, бидејќи процедурата за избор на нови судии ќе биде по изборите и ќе се одолговлечи.

Додека се создадат услови за одлучување во Уставниот суд, Владата испрати мислење до судот дека треба да се прекине целата постапка за одлучување. Од власта кои додека беа во опозиција ја спореа уставноста на овој член, сега велат дека не потребно да се преиспитува, и гарантираат дека никој нема да го злоупотреби системот за прислушување.

„Во име на владата на РМ, одговорно можам да кажам дека остануваме на идејата дека реформите се потребни и се прават и сега се во финална фаза. Ќе бидат вклучени меѓународни и домашни експерти, цела јавност и истите ќе бидат донесени во планираниот рок со планот 3 6 9 .“ - изјави Миле Бошњаковски – портпарол на Влада.

Власта најавува системско решавање на законот за комуникации со новиот закон кој засега е во фаза на подговотка без да се откријат детали. Овој член е спорен и за Прибе кој во својот извештај има наведено дека телекомуникациски оператори ја снабдуваат УБК со потребната техничка опрема, а како последица на тоа УБК може директно да ги следи комуникациите, независно и слободно, без оглед на тоа дали е издадена или не е издадена судска одлука согласно Законот за следење на комуникациите. Актуелната влада од позиција на опозиција тврдеше дека неограничената можност на УБК за пристап до електронските комуникации на граѓаните преку мобилните оператори доведе до аферата со масовното прислушување.



Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.