Владата денеска ќе ги достави апликациите на кандидатите за јавен обвинител на мислење

20.10.2017 | 13:15
Прочитано: 438

Владата денеска ќе ги достави апликациите на кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители кој треба да даде мислење.

На конкурсот се пријавија 23 кандидати, а оваа позиција е најатрактивна за адвокатите. Дури единаесет адвокати се пријавиле на огласот.

Откако Советот ќе ги добие кандидатите има рок од 15 дена да достави образложено позитивно или негативно мислење за сите пријавени кандидати. Ако од оправдани причини во определениот рок Советот не достави мислење има уште 15 дена.

Ако и во тој рок не се изјасни се смета дека дал позитивно мислење. Доколку пак ниту еден од кандидатите не добие позитивно мислење советот може да му предложи на Собранието да го повтори огласот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.