Три нови случаи на мали сипаници

20.10.2017 | 13:21
Прочитано: 759

Три нови случаи на мали сипаници се регистрирани во текот на изминатата недела , со што вкупниот број заболени, заклучно со денеска е 17. Ова се наведува во извештајот што денеска на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

Од вкупниот број на заболени, 10 лица живеат во населбата Маџари-Кванташка депонија, две лица се од Чаир, а по едно лице е регистрирано во село Сопиште, населба Шуто Оризари и село Кондово.

Едно од пријавените заболени деца е државјанин на Косово. Едно лице од новопријавените во последната недела е со место на живеење во Прилеп, на привремена работа во Скопје.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.