Томислав Јотовски со победа ја отвори 2018 година

09.01.2018 | 19:27
Прочитано: 849

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски со победа ја започна новата сезона во 2018 година.

На ИТФ фјучерсот во Хамамет, Тунис, што се игра за награден фонд од 15.000 американски долари, Јотовски во 1. коло го совлада домашниот тенисер Азис Уака.

Во меч што траеше еден час и 40 минути, а во кој беа одиграни два сета, Јотовски на противникот му препушти осум гема, односно двата сета ги доби со идентичен резултат 6-4.

Во второ коло, Јотовски за противник ќе го има Мохамед Али Белалуна од Тунис, кој во три сета го совлада Србинот, Милош Николиќ.

А, токму Николиќ е партнерот на Јотовски во двојки. Со него ќе игра против Шпанците, Луке и Варона


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.