Штрајк во Грција против реформите на Законот за штрајк

12.01.2018 | 10:57
Прочитано: 678

Грција денеска е погодена од штрајкови во бројни јавни служби во знак на протест против реформите на Законот за штрајк што ги бараат меѓународните кредитори.

Поради штрајкот сообраќајот во Атина е во хаос, болниците работат со минимални интервенции, а бродовите се блокирани во пристаништата.

Штрајкувачите се незадоволни од рерформите што треба да се гласаат во парламентот и со кои е предвидено дека за штрајк треба да се изјаснат 50 отсто регистрирани членови на синдикат, наспроти досегашните 20 отсто.

Експерти за финансии од еврозоната денеска ќе имаат состанок во Европската работна група за да се разгледаат реформите во Грција пред средбата на министри за финансии од еврозоната закажана за 22 јануари. Од таа средба Атина очекува во замена за такви рестрикции, следна финансиска помош од пет милијарди евра во рамки на економски пакет, јавија грчките медиуми.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.