Седуммина турски армиски лица добија доживотни казни затвор поради обидот за пуч

11.10.2017 | 11:13
Прочитано: 1063

Судот во Истанбул осуди седум армиски припадници на доживотен затвор поради вмешаност во минатогодишниот обид за преврат во државата.

Тие се прогласени за виновни по обвиненија за уривање на уставниот поредок. Петмина од нив добија по уште 200 години затвор секој од нив, а другите двајца по 166 години и осум месеци.

Турската Влада смета дека организатор на обидот за пуч на 15 јули 2016 година е исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен кој живее во САД. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.