СДСМ предлага намалување на патните трошоци,но ќе чека да се врати ВМРО ДПМНЕ

12.01.2018 | 17:48
Прочитано: 1867

Пратениците од власта денеска  до Собранието доставиле конкретни законски измени за патните трошоци, но сепак за гласање ќе ги чекаат и колегите од ВМРО-ДПМНЕ. Предлагаат  најмалку за половина или од 30% на 15отсто да се намали надоместокот за литар гориво по поминат  километар.  За отстранување на злоупотребите, се предлага  пратениците сами со своите кредитни картички да плаќаат а како доказ да ги приложат фискалните , вели координаторот на СДСМ, Томислав Тунтев.

„Предлагаме наплатата да се врши само врз основа на фискални сметки за платена патарина кои што се платени со кредитна или дебитна картичка во сопственост на пратеникот. Односно преку т.н. слипови кои што ќе бидат доказ дека пратеникот лично платил патарина“, вели  Томислав  Тунтев

Тунтев очекува и пратениците од опозицијата  да ги поддржат новите измени иако до сега без нивно присуство изгласаа ги изгласаа законот за јазиците и сите реформски закони од правосудството поминаа на комисија. Од ВМРО-ДПМНЕ нема одговор по денешните предлози на Тунтев. Тој вели дека идеите ги предложил до Џафери уште на 1 декември и се пратени до пратеничките групи, но до сега нема добиено мислење од ниту една партија. Џафери пак демантираше дека има конкретна иницијатива.

Патните трошоци на пратениците ја брануваат јавноста со години. Народните избраници се водат како лидери во регионот споредбено со словенските, хрватските и бугарските колеги по сумите кои ги инкасирале за патни трошоци. За шест години, секој пратеник за патување до Собранието потрошил во просек по 40.000 евра или околу 5 милиони евра потрошени за  патни трошоци на пратениците.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.