СДСМ на митинг во Прилеп

12.10.2017 | 11:46
Прочитано: 3057

Доста беше лажен патриотизам. Македонија ќе биде 30-та членка на НАТО и ќе почне преговори со ЕУ, рече на вечерашниот митинг во Прилеп лидерот на СДСМ Зоран Заев. 

И кандидатот за градоначалник од СДСМ во Прилеп Илија Јованоски најави економски развој на општината, гасификација, нови улици, чист воздух, доволно вода за пиење, пониски сметки, нов театар, стипендии за талентираните студенти, помош за учениците од ранливата категории семејства, две нови обиколници, реконструкција на салата „Македонија“, нов спортско-рекреативен центар, бесплатен превоз за сите пензионери, реконструкција на Старскиот дом, вода, струја и пат до нивите и поила за добитокот во сите населени места, улично осветлување во секое село.

Кандидатот од редовите на СДСМ од Велес Аце Кoцевски пак најави нови проекти.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.