Рок музичарот Том Пети почина од срцев удар

03.10.2017 | 10:14
Прочитано: 901

Легендарниот рок музичар Том Пети почина на 66-годишна возраст во Калифорнија, објавија светските агенции.

Тој почина синоќа в болница во Лос Анџелес, каде што бил однесен во бессознание по срцевиот удар, кој го добил во својот дом во Мајами.

Пети е познат по хитовите „Фри фолинг“ (Free Fallin) и „Американ грл“ (American Girl). Неговата кариера е поврзана со рок групата „Хартбрејкерс“ (Heartbreakers) и со групата „Травелинг Вилберис“ (The Traveling Wilburys).

„Пети и Хартбрејкерс“ (Tom Petty and the Heartbreakers) оваа година го започнаа одбележувањето на 40-годишнината со турнеја во САД. Нивните последни три концерти беа во септември во Лос Анџелес. Бендот требаше да свири и на два концерта во Њујорк во ноември.

Пети ја создаде групата „Хартбрејкерс“ кон средината на 70-те години на минатиот век, а во 80-те беше коосновач на „Травелинг Вилберис“ (The Traveling Wilburys), заедно со Боб Дилан, Рој Орбисон, Џорџ Харисон и Џеф Лин.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.