Реконструкцијата на настаните во Собранието ќе ги открие „отварачите на вратите”

11.10.2017 | 17:04
Прочитано: 6249

Реконструкцијата на настаните од крвавиот упад во Собранието, прецизно ќе ја утврди одговорноста на пратениците кои им ги отворија собраниските врати на насилниците и како тие биле организирани – вели поранешниот судија и адвокат, Јован Јоанидис.

Според него во законодавниот дом немало да дојде до крворполевање, доколку пратениците за кои се тврди дека се Крсто Мукоски и Сашо Василевски не ги отвореа вратите.

„Со реконструкцијата, ќе се утврди дека никој не може да влезе  во Собранието, ако нема налог за влез. Ако луѓето кои ги отворија вратите не постапија по налогот од надво немаше да се влезе внатре“ - вели Јован Јоанидис, пор. адвокат и судија.

Иако поминаа повеќе од шест месеци од упадот, според Јоанидис тоа нема да влијае врз исходот на истрагата.

„Некој ќе каже дека реконструкцијата е задоцнета, поминаат шест месеци, но правосудството секогаш е споро и мора да ја истера вистината на видело.“ - вели Јоанидис.

Вчера обвинители од организиран криминал го посетиле Собранието и се движеле по патеките кои водеа до крвави насилства. Од обвинителството пак ниту ги потврдија ниту ги негираа информациите. Детали за преземените дејствија не откриваат, бидејќи се уште станува збор за предистражна постапка. Иако на снимките кои протекоа во јавноста се гледа како пратеници ги отвараат вратите на толпата насилници, тие се уште не се повикани на распит во обвинителството за организиран криминал.

Паралелно води постапка и Основното јавно обвинителство. Утре се очекува пресудата против Панче Ангелов кој ја нападна министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

На 27 септември му беше одреден нов притвор на Игор Југ, осомничен за Учество во толпа што ќе изврши кривично дело и за Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје, бидејќи за време на упадот носел пиштол.



Христијан Баневски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.