Разрешување на судии по иницијатива на укинатиот совет на факти

23.01.2018 | 20:31
Прочитано: 2327

Претседателот на Судскиот совет има правна дилема што да прави со барањата разрешување на судиите кои одлучуваа за притворот на Сеад Кочан и на разузнавачите во бегство, Грујевски и Бошкоски, поднесени од Советот за факти. Тој совет е укинат, па овие предмети нема кој да ги застапува вели Караџовски. Ќе бараат автентично токлкување од Собранието или барањата ќе ги застапува здружението „Зелена Лупа“ кое беше иницијатор на овие постапки пред сега непостоечкиот Совет за факти.  

„Тоа е прашањето кое и ние го поставуваме Дали ќе може друг да ги застапува – дали да ги вратиме во фаза на преставка па невладина или кој и да е подносител на преставката повторно да се работи како преставка како да не постоел предметот од Советот за факти.“ - вели Караџовски.

Во овие претставки беа опфатени и претседателите на Врховниот и на Апелациониот суд, Јово Вангеловски и Лилјана Ивановска Шопова. Караџовски вели дека во наредниве денови ќе се преземат незавршените предмети од Факти, стотина на број, а претставки за работата на судовите и судиите веќе почнале да стигнуваат и на адресата на Судскиот совет. Советот на денешната седница не донесе одлука дали ќе ги повтори постапките за петтемина судии кои имаат пресуди од Европскиот суд за човекови права дека Судскиот совет бил пристрасен кога одлучил дека работеле незаконски.


Марија Севриева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.