Празнична регата во Охрид

11.10.2017 | 17:21
Прочитано: 785

Едриличарството се враќа на голема врата. 15 едрилици со по 3 члена денеска ги забелија водите на охридското езеро, празнична атракција и рекреација за едриличарите но и присутните гости на охридската ривиера како дел од Охрид Сејлинг Кап.

Се едреше во 2 класи:микро и минитонер на потегот од градско пристаниште-Куба Либре-Канео-Пристаниште. Сејлинг кап помина натпреварувачки и празнично со тенденции во иднина едриличарството да стане сериозен широко распространет спорт велат организаторите.

„Тенденцијата е овој спорт да прерасне во манифестација, препознатлива за Охрид и туризмот.“ - вели Стефан Ставрев, здружение за спортови на вода Акватика Јахтинг.

Иако задоволни од одзивот на едриличари учесници во оваа регата и целокупната организација, познавачите и љубителите на овој спорт сметаат дека за да може едриличарството да заживее во полн сјај неизбежно е да се подобрат условите.

„Проблемот е со марината, која 26 години чекаме да биде изградена и да се зголеми бројот на едрилиците.“ - вели Ставрев.

За проблемите на едриличарите проговори и Горан Устијановски од капетанија. Тој вели дека една од пречките кои константно години наназад го кочи подемот на овој спорт е недостигот на простор за сместување на едрилиците. Решението е доградба на градското пристанише или изградба на нова марина.

„Преуредување на дел од каналот може да биде технички издржано решение во поглед на сигурноста. Ако држажата има можности да се реши да направи марина. Ова е прашање кое мора дасе реши со приоритет.“ - вели Горан Устијановски, Охридска капетанија.

Во моментов во охридско-струшкиот регион има околу 60 ина едрилици. Бројот на заинтересирани се повеќе расте и покрај лошите услови. Едриличарите се надеваат дека во идниот период државата ќе смогне сили и финансии да го реши проблемот и да го воздигне овој спорт.


Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.