Познати четвртфиналистите во Шангај, елиминиран Зверев

12.10.2017 | 19:22
Прочитано: 767

Познати се четвртфиналните двојки на тенискиот мастерс во Шангај. Елиминиран е третиот носител, Александар Зверев.

Зверев не успеа да го додржи водството од првиот сет против Хуан Мартин Дел Потро и загуби со 7-6, 6-4 до крајот. Дел Потро сервираше одлично и ќе биде голем фаворит против Виктор Троицки во четвртфиналето.

Првиот фаворит, Рафаел Надал ќе оди на Григор Димитров, откако денеска со 6-3, 6-1 го победи Фоњини. Роџер Федерер ќе игра против Ришар Гаске, а Марин Чилиќ со Алберт Рамос Винолас.


Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.