Повикано на разговор едно лице под сомнение за обид за поткуп на гласачи

12.10.2017 | 22:33
Прочитано: 4841

 Во Полициската станица во Кочани доцна попладнето е повикано на разговор лице кое се наоѓа на кандидатската листа за советници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Според првичните информации од МВР, до полицијата била поднесена пријава дека лицето нудело пари, како поткуп за добивање гласови во Ромското маало во Кочани. При претресот кај него биле пронајдени пари, спосоци со имиња на гласачи и друг материјал. За случајот било консултирано и основното јавно обвинителство во Кочани, по што јавниот обвинител издал налог за повикување на информативен разговор.

Претседателот на ОК на ВМРО –ДПМНЕ од Кочани, Лазо Митев, кој воедно е и носител на кандидатската листа за советнци од оваа партија, за телевизија 24 го потврди настанот, при што рече дека лицето Бејсим Шакиров се наоѓа на листата, но оти пивкувањето во полиција е неосновано. Додаде дека веќе го информирале раководството на партијата во Скопје и други институции, а ќе бараат официјално известување за причините поради кои на еден ден пред изборниот молк се правел непотребен случај.

Инаку, до пред почетокот на овие вести, лицето се уште беше во Полициската станица во Кочани, а пред зградата присутни беа негови блиски и пријатели, во очекување на епилог од случајот. Подетални информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

 


Тони Ајтовски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.