Октомвриската проекција на Светска банка за раст на БДП во Македонија е 1,5 проценти

20.10.2017 | 12:08
Прочитано: 657

Најновата проекција на Светска банка за растот на македонската економија во 2017 година е 1,5 проценти.

Според објавените податоци во извештајот на Светската банка насловен „Миграција и мобилност“, БДП годинава ќе има раст од 1,5 проценти, следната година 3,2 проценти, а во 2019 година 3,9 проценти.

Влијание на ваквите очекувања за раст од 1,5 проценти имала политичката нестабилност во првата половина од годината.

Главни двигатели на растот се очекува да биде потрошувачката, поттикната од зголемувањето на вработувањата и инвестициите.

Светска банка очекува буџетскиот дефицит да биде до три проценти од БДП годинава, и дека тој ќе се намали до 2,2 проценти до 2019 година.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.