Оклахома, ЛА Клипер и Торонто победнички ја стартуваа новата НБА сезона

20.10.2017 | 12:19
Прочитано: 646

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа три натпревари. Со победи стартуваа Оклахома. ЛА Клиперс и Торонто.

Кошаркарите на Оклахома со триумф пред домашната публика ја отворија новата сезона. Го совладаа Њујорк, убедливо со 105-81. Токму поранешните ѕвезди на Њујорк, Пол Џорџ и Кармело Ентони го имаа своето деби за Оклахома, и заедно со Расел Вестбрук беа најзаслужни за победата. Џорџ како најефикасен со 28 поени, пред Ентони со 22. Вестбрук продолжи онаму каде што застана минатата сезона, со нов трипл-дабл од 21 кош, 16 асистенции и 10 скока. Кај Њујорк без конкуренција беше Кристапс Порзингис со 31 поен и 12 асистенции.

Во дербито на Лос Анџелес, Клиперси го совлада лутиот ривал Лејкерси со 108-92. Многумина очекуваа блесок на новите плејмејкери, Милош Теодосиќ и Лонзо Бол, но двајцата одиграа под своето ниво. Теодосиќ може да биде задоволен бидејќи дебитираше победнички за Клиперс со 6 поени и исто толку асистенции, додека Бол застана на само три поени за Лејкерс. Сепак, до победата Клиперс го предводеа Блејк Грифин со 29 поени и Де Андре Џордар со 14 коша и неверојатни 24 скока.

Возбудливо беше и во Канада. Торонто благодарение на  Валанчиунас, кој оствари дабл-дабл од 23 поени и 15 скока, триумфираше над Чикаго со 117-100.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.