Облачно со слаби врнежи од дожд и снег

13.01.2018 | 10:53
Прочитано: 1445

Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаби проврнувања на дожд и снег на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од два до девет степени. 

Во Скопје ќе биде облачно и ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе достигне до осум степени. 

Следува период на претежно облачно време со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на студен воздух од север, в недела и в понеделник ќе има услови врнежите да преминуваат во снег и на некои пониски места. Повеќе врнежи ќе има во северозападниот дел од земјава.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.