Независна советничка листа за Пробиштип

11.10.2017 | 17:33
Прочитано: 2588

Изморени од црно белиот партиски свет група составена од припадници на бизнис секторот, професори и видни луѓе од Пробиштип, решија на овие локални избори да настапат со своја независна листа. Идејата им била во преден план да биде квалитетот, а не партиската книшка.

„Идејата дојде  зошто сакаме да смениме некои работи во градот. Да го вратиме достоинството. Листата е составена од стручни и професионални лица коиќе работата во интерес на граѓаните, транспарентно и работата нема да биде делегирана од партиските определби. Тие нема да имаат партиска книшка за да направат нешто во овој град.“ - вели Сашо Андовски, носител на советничка листа.

Увид во одлуките на општината и ревизија на досегашното трошење на општинските пари се дел од нивната програма. Еден од приоритетите ќе им биде подобрување на бизнис климата, како начин за нови вработувања и запирање на иселувањето.

„Поради нас стојат поголемите фирми во градот, бидејќи ние сме дел од вработените и ги знаеме кои се потребите на нашите вработени и што треба да направиме за да биде подобро. Знаеме  каков е статусот на конфекциските работници. Тоа се нашите приоритети и нема да дозволиме тоа да биде исполитизирано за следниот ден да не биде остварено.“ - вели Магдалена Петковска, кандидат за советник.

Партиската обоеност го уништува образованието и е главната причина младите и квалитетни кадри својот сон да го бараат надвор од Пробиштип, смета професорката Сузана Заровска.

„На младите да не им биде единствен документ партиската книшка, туку нивните знаења иквалификации да бидат единствен валиден документ кој ќе им обезбеди вработување.“ - вели Сузана Заровска, кандидат за советник.

На овие локални избори за гласовите на пробиштипјани се борат тројца градоначалнички кандитати. Двајца предложени од политички партии и еден независен. На гласачкото ливче жителите на овој рударски град ќе може да избираат и помеѓу четири советнички листи, по една од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и две независни.

 


Виолета Кожинкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.