Нема државни пари во медиумите – пресече Владата

27.12.2017 | 13:48
Прочитано: 1517

Власта ја напушта намерата за финансирање на печатените медиуми. Претставниците на Владата на денешната дебата за законот за медиуми потенцираа дека државни пари за медиумите нема да има.

„Пари од државата кон медиумите нема да има и тоа е наша стратешка определба. Можеме дазборуваме за различни намалувања на трошоци. Дали ќе се даноци, некој вид на оперативни трошоци  што може да се намалат. Пари во медиуми од оваа Влада нема и крај“, вели Дамјан Манчевски - министер за информатичко општество и администрација во Владата на Република Македонија

Од Владата потенцираа дека идејата за финасирање на печатените медиуми дошла од новинарските организации. Оваа идеја крена многу врева во јавноста, се отворија прашања дали државните пари во медиумите ќе ги стави под јарем новинарските редакции. Иницијативата дојде во ек на најавените измени на Законот за медиуми, за кои денеска се дебатираше. Претсавниците на медиумите како и претставниците од Владата се со поделени мислења. За едни веќе постоечкиот закон е доста конфузен и непотребен за другите дека истиот е потребен за да може да се регистрираат онлајн медиумите со цел да се спречат злоупотребите и заканите.

„За да бидеме на чисто за што зборуваме, затоа што регулација на онлаин медиуми задира на слобода на пристап до интернет. И верувајте дека нема да пратите  добра порака во Брисел дека сакате тоа да го правите“, вели Насер Селмани – претседател на Здружение на новинари

„Ставот на Синдикатот и тогаш и сега е,  нас тој закон не ни треба. Се покажа дека е нефункционален ниту нешто се повикуваме на него, тој само постои како опасност“, вели Тамара Чаусидис - Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници

Претставниците на власта возвратија дека доколку нема потреба од измени на законот истите нема да ги има.

„Од оваа дебата излегуваат различни мислења. Едни велат евидентирање, регистрирање, легитимирање на интернет порталите. Сега слушаме дека можеби нема потреба од закон за медиуми, ете што донесе дебатата - нов момент“, вели Роберт Попоски - министер без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност

Заедничка констатација од дебатата е дека треба да следува период во кој ќе бидат доставени аргументи за и против измени во законот и дека потоа ќе следува уште една циклус јавни дебати од кои ќе произлезат соодветни одлуки.

 

This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.

 


Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.