Мистериозна смрт на 80 делфини во водите на Бразил

04.01.2018 | 09:27
Прочитано: 1083

Бразилски еколози се обидуваат да ги откријат причините за смртта на 80 сиви делфини изминатиов месец во заливот Сепатиба, што се наоѓа на околу 70 километри од Рио де Женеиро.

Во соопштение на Институтот „Сив делфин" се наведува дека делфините угинале во последниве 17 дена.

Институтот од водите на Заливот извади остатоци на пет угинати делфини, но засега причината за нивната смрт, е непозната.

Резултатите од лабораториските анализи се очекувааат до крајот на овој месец.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.