Мицкоски влече кадровски потези, „бунтовниците“ не се поканети на состанокот

12.01.2018 | 17:34
Прочитано: 2755

Партиски комбинаторики и калкулации пред вечерашниот состанок на кој Mицкоски ќе ги повлече првите кадровски потези во ВМРО-ДПМНЕ- Игор Јанушев или Валдо Mисајловски, според партиски извори се опции на лидерот на ВМРО-ДПМЕН за нов генерален секретар . Мисајловски е екс министер за транспорт и врски, а беше и кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров, Јанушев е еск директор на ЈСП, а се споменуваше и во опозициските бомби како одговорен за фалсификувани лични документи за изборни злоупотреби.

Мицкоски ќе има и пот претседатели , според неофицијалните информации на позициите  се планирани  Александарт Николоски, Миткло Јанчев и Трајко Славески.
Дел од извршниот комитет ќе бидат и Валтко Ѓорчев, Коце Трајановски, Валдимир Нелоски, но не и искусните Илија Димовски, Антонијо Милошоски, Борси Змејковски, Трајко Вељаноски.

Димовки за тв 24 вели дека воопшто не се поканети на вечерашниот состанок, а ниту пак биле консултирани.

„Немаме никаква комуникација со Христијан Мицксоки“, изјави за тв 24 Илија Димовски.

Токму лидерот на ВМРО ДПМЕН пак минатата недела во интервју тврдеше дека со т.н бунтовници во партијата функционира беспрекорно.

Дел од членовите на ВМРО ДПМНЕ кои се потпишаа на иницијативата за одлагање на конгресот и обвинија дека Мицкоски е избор на Никоал Гриевски   обвинувата дека решенијата на лидерот на ВМРО-ДПМЕН се решенија на токму на почесниот претседател. Истите функционери не исклучувата дел од пратениците да откажат послушност на партијата во Собранието за одредени случувања.


Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.