Кој ја забавуваше светската јавност во 2017

30.12.2017 | 17:41
Прочитано: 1686

Втора шанса за Мараја Кери. Американската музичка дива Мараја Кери одлучи 2017 година да не ја заврши без успех, па најави дека повторно ќе има свој настап на Times Square за Нова година, 365 дена после хаотичниот настап на њујоршкиот централен плоштад.

Основачот на компанијата „Space x“, Тесла Илон Маск го претстави и  првиот автомобил кој ќе биде испратен на Марс во рамки на ракетaта  „Falkon hevi“.
 
Швајцарска компанија –   флашираше воздух од швајцарија, кој потоа го продава на граѓаните во многу загадените градови, како оние во Кина и Индија. Според податоците на компанијата, воздухот се собира од различни локации ширум швајцарските Алпи и се компресира во аеросолна киселина. Производот доаѓа со прицврстена маска за помош при дишење. Конзервите воздух чинат 19,95 швајцарски франци (21 долар) и содржат доволно воздух за повеќе од 120 вдишувања, што е доволно за околу 10 минути користење.
 
Во хонг конг пак дијамантот стар 18 години беше продаден за рекордни 71,2 милиони долари.  Станува збор за најголемиот  блескав дијамант „Розовата  ѕвезда", којшто има 59,6 карати,  ископан е во Африка во 1999.
 
А Kинезите пак  се  смрзнаа од  страв  пред крајот на годината во северната кинеска покраина Хебеи  заврши  изградбата на најдолгиот стаклен мост на светот.  Првите кои стапнале над кинеската провинција Хебеи се вкочаниле од страв – мостот е дизајниран постојано да се лула. Некој пак уживале – прошетката по стаклениот мост за нив претставувала единствено доживување.  

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ освен што е познат како остар на зборови, тој и годинава  ја покаже  својата друга страна. Дациќ во грчкото место Паралија одржа и мал концерт за 350 учители од Јагодина, кои собранието на градот ги испрати на одмор во Грција. Министерот со години е познат како човек кој е мераклија на добрата песна, а омилена песна му е „Миљачка“ на Халид Бешлиќ. Во Паралија, Дачиќ, освен српските народни песни, во својот репертоар вклучи и грчки и руски песни.


Сандра Бошковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.