Хејворд опериран, Портис суспендиран

19.10.2017 | 20:16
Прочитано: 1156

Несреќникот Гордон Хејворд, кој вчера заработи една од најнепријатните повреди во последниве години воопшто во спортот, најверојатно ќе ја пропушти сезоната. Тој беше успешно опериран, но додека повторно истрча на паркетот веројатно ќе дојде следното лето.

Лекарите утврдиле дека Хејворд има дислоциран скочен зглоб и фрактура на тибијата на левата нога.

„Важно е што тој е успешно опериран, а за враќањето и рехабилитацијата уште е рано да зборуваме. Тоа е долг процес, кој зависи од многу фактори, пред се од неговата ментална сила“, велат лекарите од Бостон.

Тој синоќа се обрати на публиката во „Ти-ди гарден“ и им се заблагодари за поддршката. Хејворд дојде во бостон од Јута, ова лето и не одигра ни пола четвртина кога во дуел со Леброн Џејмс, на премиерниот натпревар од сезоната, ја заработи тешката повреда.

Ќе паузира и еден друг кошаркар, но од друга причина. Боби Портис од Чикаго заработи суспензија од осум меча, поради нокаутот врз тимскиот колега Никола Миротиќ, на еден тренинг. Миротиќ заработи скршеница на коска во лицето, па и тој ќе почека додека се врати на теренот.


Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.