Главниот одбор на германските социјалдемократи одобри формирање нова коалиција со Меркел

12.01.2018 | 19:04
Прочитано: 1072

 

Главниот одбор на социјалдемократската партија на Германија со големо мнозинство гласови, го одобри учеството на партијата во нова широка коалиција со конзервативнииот блок на христијанско демократската унија и христијанско социјалната унија.

Одлуката доаѓа откако партиските лидери, Мартин Шулц, Ангела Меркел и Хорст Зехофер од претходно денеска постигнаа начелна согласност за коалицирање.

Одлуката сега треба да биде одобрена и на партискиот конгрес на социјалдемократската партија на Германија закажан за 21 јануари, на кој право на глас имаат 600 делегати, а потоа својата согласност треба да ја дадат и 400.000 партиски членови.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.