Франција прв полуфиналист на Европското првенство во Хрватска

22.01.2018 | 20:10
Прочитано: 824

Репрезентацијата на Франција е првиот полуфиналист на Европското првенство во ракомет што се одржува во Хрватска.

Ракометарите на актуелниот светски првак во првиот денешен натпревар од програмата во групата 1 во Загреб очекувано ја совладаа Србија со 39:30 (19:12).

Независно од исходот од последниот дуел на Франција со Хрватска што се игра во среда „триколорите“ се веќе пласирани во борбата за медалите. Воедно тие се единствената селекција со максимален учиниок досега на шампионатот. Најефикасни на денешниот дуел беа Лука Карабатиќ кај Франција и Немања Зеленовиќ во редовите на Србија, двајацата со по 7 голови.

Во вториот натпревар во „Арена Загреб“ ќе играат Шведска и Белорусија.

Франција е прва на табелата со 8 бодови, Хрватска има 6, Шведска 4, Норвешка 4, Белорусија 0 и Србија 0.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.