Фестивал на античка драма Стоби

10.10.2017 | 17:37
Прочитано: 525

Наместо на археолошкиот локалитет „Стоби“, истоимениот фестивал на античка драма и оваа година ќе се одржи на сцената на велешкиот театар. Организаторите тврдат дека на локалитетот се уште не се завршени реставраторските работи, па услови за одржување театарски претстави нема. Директорот на фестивалот, актерот Зоран Љутков добил уверување од локалитетот „Стоби“ дека по три години, за следното издание фестивалот ќе се врати онаму каде што 13 години се одржуваше.

„Ние најдовме и многу нови локации каде што може да се одржува фестивалот, поднесовме барање до нив и се надеваме на позитивен одговор. 99 проценти се следната година фестивалот ќе се врати на античкиот локалитет“, вели  Зоран Љутков – директор на ИФАД „Стоби“

Шеснаесеттото издание на ФАД „Стоби“ ќе почне во петок, на 13 октомври. Публиката ќе има можност да види осум претстави, четири домашни и четири од странство. Шест претстави со античка тематика ќе конкурираат за награди.

„ФАД „Стоби“ станува многу познат. Многу често стигнуваат официјални покани од театрите што сакаат да учествуваат  на овој фестивал“, вели Зоран Љутков – директор на ИФАД „Стоби“

Во чест на наградените, на затворањето на фестивалот, театарот Комедија ќе ја одигра претставата „Стјуардеси“.


Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.