Европската комисија го бара законот за аудиовизуелни услуги на проверка

27.12.2017 | 17:53
Прочитано: 1543

Ако се усвои во форма како што е предложен изменетиот закон за аудио и аудиовизуелни услуги ќе направи финансиски атак но и директен упад на државата во работењето на операторите кои реемитуваат програмски сервиси предупредуваат здруженијата. Според дел од кабелските оператори, со измените, се наметнуваат обврски кои ќе ги направат неатрактивни за корисниците, но и обврски кои не се во согласност со ЕУ регулативите. Владата брзаше да го донесе. Брисел побара уште еднаш да го доразгледа.

„Најавено беше дека на дневен ред ќе биде  на вчерашната владина седница по барање на ЕК, сакаат да имаат уште едно читање на прелогот на законското решение и Владата одлучи џдека е во ред.“ - изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Владата.

Предложените измени на Законот се спорни за Здружението на кабелските оператори АКО. Според АКО неприфатливо е што законодавецот навлегува во регулирањето на односите  помеѓу комерцијалните медиуми од една страна и операторите од друга страна и при тоа операторите ги става во подредена позиција.

„Кога државата дава маткери, неопходно е дад даде и мастофф понуда. Во случајот со МТВ, тоа го направила, кај останатите изостанува, каде државата мора да пропише дали тоа ќе биде бесплатно или не, и ако не е бесплатно, кој ќе ги надоместува тие сретства, значи тоа ни дава сомнеж дека одредени правни субјекти успеале нешто чудно за себе да придобијат. Членот 55 од уставот на РМ пропишува дека Македонија ќе обезбеди еднаква правна положба на сите субјектиу на пазарот и во овој случај, законот предвидува нееднаква правна положба.“ - изјави Лидија Голубова, Здружение на кабелски оператори АКО.

Ако измените на Законот се прифатат вакви какви што се тоа значи дека опраторите кои реемитуваат програма ќе мора да ги реемитуваат сите домашни радиодифузери вклучувајќи сателитски телевизии кои не запазуваат медиумски стандарди. Тоа ќе значи дека ќе бидат принудени да скратат од атрактивните телевизиски канали на сметка на неатрактивни.

„Неотел не се согласува со предложената измена на член 143 во насока на задолжително реемитуваење на домашните приватни телевизиски програмски сервиси. Единствена обврска која што е прифатлива е обврската за реемитување на Националната радиотелевизија (МРТВ) како медиумски сервис од национален интерес. Поради ова но и поради фактот што со закон не смее да се наметнува однос помеѓу два приватни субјекта, посебно не доколку се наметнуваат обврски само за едната страна. Ваквите обврски не се во согласност со пазарните принципи на функционирање, но и соЕвропската директива и искуствата во другите земји.“

Против законот се и најголем дел од локалните телевизии, кои не беа опфатени  со законот. Велат дека е дискриминирачки едни приватни телевизии да ги има на сите кабелски оператори, а за други да не важи таквата обврска.

„Во последните измени сме истотака изземени, покалните и регионалните телевизија се изземени. Има некои промени, но доаѓа до повторно разгледување.“ - вели Димитар Мицев.

Операторите велат дека при подготвувањето на измените биле само известени, но воопшто не биле консултирани.


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.