Ердоган пристигна во Белград

10.10.2017 | 12:50
Прочитано: 2373

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа допатува во дводневна официјална посета на Србија.

Ердоган пристигна во Белград со голема делегација, составена од 185 бизнисмени и осум турски министри, а на аеродромот во Белград го пречекаа српскиот колега Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и членови на Владата на Србија.

За време на посетата ќе бидат зајакнати безбедносните мерки, а за безбедноста на Ердоган, освен неговите лични 50 телохранители, ќе се грижат и 3.000 полицајци.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.