Британците се обложуваат за полот на близнаците на Кејт Мидлтон

10.10.2017 | 10:45
Прочитано: 6274

Откако беше и официјално објавено дека сопругата на британскиот принц Вилијам, Кејт Мидлтон е бремена, Британците почнаа да се обложуваат за тоа - дали бебето ќе биде машко или женско.

Ситуацијата дополнително ја искомплицира фактот што војвотката Кејт носи близнаци. Тоа значи - нови коефициенти за обложување во рамки на Обединетото Кралство.

Во Западна Европа е вообичаено кралските семејства да имаат по три или и повеќе деца. Самата кралица Елизабета Втора има четири деца – Чарлс, Ана, Едвард и Ендрју. Се проценува и дека доколку не се случеше драмата со принцезата Дијана, таа со Чарлс ќе имаа барем уште едно дете.

Војвотката Кејт има помала сестра и помал брат – Пипа и Џејмс Мидлтон.

Еден брз поглед кон останатите европски семејства „со сина крв“, на пример - шпанското, шведското и монаканското, покажува дека и таму, три и повеќе деца се сосем нормална работа.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.