Барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски ќе биде испратено до Апелација

20.10.2017 | 14:19
Прочитано: 735

Министерството за правда го подготвува барањето за екстрадиција и до крајот на денот ќе го испрати до Апелацискиот суд во Скопје.

Според најавите од правда, таму треба да ги приберат сите документи и докази поврзани со предметот „Таргет Тврдина“ во кој СЈО ги обвинува за нелегалното прислушување и уништување на документацијата од прислушувањето.

Потоа барањето со комплетната документација ќе биде испратено до грчките власти кои треба да одлучат кога ќе ги екстрадираат. Според последните информации од грчките медиуми разузнавачите бегалци Горан Грујевски и Никола Бошкоски вчера пред надлежен грчки обвинител го негирале делото кое македонските судски органи им го ставаат на товар и велат дека не сакаат да се вратат во Македонија оти се плашат за нивната безбедност.

Но, пред да бидат екстрадирани, се очекува експресно да им се суди за лажните пасоши со кои биле фатени од пасошка контрола на солунскиот аеродром, во обид да одлетаат за Будимпешта.

Двоецот од УБК беше во бегство околу три месеци, откако Врховниот суд го потврди барањето на СЈО, да бидат приведени во притвор. Од  владата порачаа дека  очекуваат да бидат испочитувани  сите меѓународни договори и стандарди и целата постапка за екстрадиција да  биде завршена во реалните рокови.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.