Американците не сакаат Опра да се кандидира за Белата куќа

13.01.2018 | 13:34
Прочитано: 1481

Американците не сакаат телевизиската водителка Опра Винфри да се кандидира за претседател, покажуваат податоците од новата анкета на институтот „Марист Пол".

Анкетата, во која учествувале 1.350 лица и која била направена во периодот од понеделник до среда, покажува дека само 35 проценти од Американците сакаат Опра да се кандидира на изборите во 2020 година

Ако сепак Опра се кандидира, тогаш, според анкетата, 50 проценти од Американците се подготвени да гласаат за неа наспроти 39 проценти кои би гласале за Доналд Трамп, во случај дека тој се бори против неа. Другите испитаници немаат став.

Анкетата, исто така, покажува дека 64 проценти од испитаниците имаат генерално позитивно мислење за телевизиската водителка.

Шпекулациите дека Опра Винфри може да се кандидира за претседател се засилија откако таа одржа инспиративен говор на церемонијата за наградите Златен глобус, во кој се заложи за жените злоставувани од мажи.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.