„Енекод” нов сопственик на „Фени“, сите работници остануваат

20.10.2017 | 13:24
Прочитано: 2387

„Фени индустри” доби нов сопственик - бугарската компанија „Енекод”, нема да оди во стечај и сите работници ќе останат со статусот што го имаа, информира денеска претседателот на Синдикатот за индустрија, рударство и енергетика Пеце Ристевски.

Според него, новиот сопственик на фабриката најавил нови вложувања.

„Проблемот е решен на задоволство на сите страни вклучени во преговорите. Од денеска кавадаречката компанија доби нов сопственик, тоа е бугарската „Енекод” која има 35 фирми со различни бизниси во Бугарија. „Енекод” ги презема сите обврски кон доверителите. Сите работници остануваат на работа без никакви промени во нивниот работен статус. Добија ветување од новиот сопственик за подготвеност и за нови вложувања со цел успешна натамошна работа', нагласи Ристевски.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.